Dark Mode Light Mode

Филипче: Опозицијата преку неточни информации во медиумите сака да ја загрози вакцинацијата

Ние правиме се во тешки услови да дојдеме до вакцини, но опозицијата е таа која сака да го компромирира, загрози и наруши процесот на вакцинација и да го доведе во опасност здравјето на граѓаните.

Вака министерот за здравство Венко Филипче го оквалификува написите во медиумите, како што ги нарече блиски до ВМРО -ДПМНЕ и во итталијанскиот „Ла Верита“ киј два дена објавува информации и документи за набавката на кинески вакцини.

Филипче денеска ги отфрли сите обвинувања објавени во написите за наводни нерегуларности, фантом-фирми и за провизии, истакнувајќи дека тоа што е вратен авансот значи дека нема финансиска штета за државата и нема ништо незаконско.

Реклама

-Се обидовме да го следиме тој регуларен пат, да комуницираме директно со „Синофарм“, но откако тоа не успеа, сакавме да ја забрзаме постапката преку компании кои работат кај нас. Не станува збор за никакви незаконитости или нерегуларности, некакви провизии за што овие денови не обвинува опозицијата, рече Филипче.

Коментирајќи ги денешните писма во „Ла Верита“, во однос на ослободување на кинеската компанија од одговорност за евентуални негативни последици од вакцината, Филипче објасни дека ова важи за сите компании, и тоа е обврска на Министерството која произлегува од Програмата за имунизација и се однесува на секоја вакцина која влегува во државата.

Тој рече дека процесот за набавка на 200.000 вакцина е во тек по насоки што ги дали кинеското МНР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Прозваните политичари му одговорија на Каракачанов: Со лага не бидуваш ага

Next Post

Состојба во ковид-центрите: 28 нови пациенти во Скопје и надеж дека мерките ќе дадат резултат

Реклама