Dark Mode Light Mode
Првите вакцини преку КОВАКС ги доби Гана
Пристигна и втората пратка од „Фајзер“ вакцините од Србија, денеска одлука за руската
Отровите од „Охис“ конечно на крајната дестинација за уништување

Пристигна и втората пратка од „Фајзер“ вакцините од Србија, денеска одлука за руската

Уште 3.510 дози од вакцината „Фајзер“ денеска преку Табановце пристигнаа во земјава, кои се дел од вкупно 8.190 дози кои Србија ги издвои од своите набавки.

Со претходните 4 680 кои стигнаа пред 10 дена, започна вакцинацијата во земјава и тоа во првата фаза со која се опфатени здравствените работници кои од почетокот на пандемијата работат со ковид-пациенти.

Министерот Венко Филипче рече дека овие се доволни за вакцинација на здравствените работници и најави дека динамиката од 250 до 300 вакцинирани дневно во модуларната болница во Скопје ќе продолжи.

Реклама

За другите вакцини кои се најавуваат, Филипче рече дека се во секојдневна комуникација со „Фајзер“, но не можеше да каже точен датум,како ни за кинеските вакцини за кои денеска ќе биде направена уште една размена на писма преку МНР и за кратко време ќе се знае кога ќе пристигнат.

Преку Ковакс на почеоткот на март се очекуваат 20-30.000 вакцини „Астра Зенека“, а денеска Владата на затворена седница ќе разговара за набавката на 100.000 дози од руската вакцина.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Првите вакцини преку КОВАКС ги доби Гана

Next Post

Отровите од „Охис“ конечно на крајната дестинација за уништување

Реклама