Dark Mode Light Mode

Вистинска ли е владината желба да се заштити Водно – вистински?

Прогласувањето на омиленото излетиште на скопјани како „заштитено подрачје од V-та категорија“, очигледно нема да биде доволен начин за негова заштита. Тоа на свој начин завчера го потврди и Министерството за животна средина кое објави дека иницира дополнителни консултации за заштита на Водно.

-Дополнително во однос на дел на забелешките од јавната расправа кои се однесуваат на други аспекти на заштита започнува дополнителна консултација и координација на техничко ниво со други релевантни државни институции согласно нивните надлежности, вклучително и Град Скопје како предлагач на иницијативата, заради обезбедување на интегрирана заштита на подрачјето. Фокусот на консултациите ќе биде за прашања поврзани со: Планот за управување со поплави и заштита од ерозии и порои, Планот за одгледување и заштита на шуми, со урбанизацијата, со просторниот план и слично, изјавија од МЖСПП.

Наспроти ова, претставници на 38 невладини организации во текот на јавната расправа упатија и барање до Владата да се обезбеди сестрана заштита на Парк Шумата Водно со посебен закон.

Реклама

-Сегашната постапка на носење на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, која бараме да се стопира, е од многу понизок вид од сегашната на сила за парк-шумата Водно и не вклучува никакви законски забрани. Со оваа (не)заштита на околу 40 проценти од површината на сегашната парк-шума Водно ќе се овозможи градење на разни објекти. Ако досегашната многу повисока заштита на Водно која не дозволуваше градби, знаеме како се изигра и Градот не успеа да ја сочува зацртаната граница и покрај таа висока заштита и како резултат никнаа населби како што се Шпанско село, Сончев град… Можеме само да замислиме што ќе се случи со сегашниот предлог каде е (намалена површината на зоната на заштита и) дозволено градење на нови објекти за домување, приватни хотели и сл. Ова не смее да се дозволи по ниедна цена!, стои во писмото на здруженијата и иницијативите.

Засега од Владата нема најави дека таа планира да се донесе посебен закон за заштита на Водно. Ќе се бара решение заштитата да се зголеми преку плановите. Но, дали тоа е доволно, дали плановите се посилни и поделотворни од законите? Всушност, главното прашање е: се има ли намера вистински да се заштити Водно или се прават само „планови“ како ќе се заштити кога ќе почне да се штити, некогаш…?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облачно, но потопло, без минусни температури

Next Post

Савевски: Кире Лазаров мора да влече и кратокорочни и долгорочни потези

Реклама