За една вечер снегот ги обеле па дури и затрупа улиците на Скопје. Дали службите задолжени за негово чистење ги направија потребните активност и овозможија во градот да има лесна проодност и на возилата и на пешаците?
На оваа дилема од Градот Скопје пред два дена oбјаснија дека екипите на зимската служба на градот биле на терен, при што досега се фрлени над 1000 тони сол на градските булевари и улици. Како што се наведува во соопштението сите градски улици и булевари во текот на деноноќието биле чисти и проодни и никаде не е забележан застој на сообраќајот.
Што велат скопјани?
-Среќа не вее повеќе. Да се надеваме дека и нема повеќе да вее, ова е една од реакциите на социјалните мрежи која доволно објаснува колку скопјани се задоволни од исчистеното, за кое надлежност имаат и општините.
Не треба ниту посебен коментар.