Имаме тесна соработка, имаме меѓусебна доверба и многу набиена агенда и немаме ни време да се занимаваме со прашања што дефокусираат, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ е во преговори со опозицијата за ново парламентарно мнозинство.
Тој речe дека парламентарното мнозинство е стабилно, дека работат на проекти и упати прашање: „А што има да понуди опозицијата?“