Dark Mode Light Mode

Штитејќи се од Ковид-19 куртуливме од сезонскиот грип

Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 539 што претставува 92,5 отсто помалку во споредба со истиот период лани и 94,5 проценти помалку во однос на типичната сезонска крива, соопшти Министерство за здравство.

Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години. 

-Во петтата недела од 2021 година, пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива, се наведува во информацијата.

Реклама

Во земјава, заклучно со петтата недела, вакцинирани се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10.566 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

-Мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување, потенцира Министерството.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Додека Македонија го чека првиот вакциниран, во Србија 905.000 лица примиле вакцина

Next Post

Среќа не вее повеќе во Скопје

Реклама