Dark Mode Light Mode

Во возило на 43-годишен скопјанец пронајдени две вреќи полни марихуана

Поседување на 20 килограми на марихуана е причина за обвиниение кое Основното јавно обвинителство Скопје поднесе против 43– годишен скопјанец. Тој ќе одговара за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот на 21 јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба држел 19,98 килограми наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи. При претрес на автомобилот, полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата, соопшти Обвинителството.

Доставен е и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Судскиот совет ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова

Next Post

Владата последен пат ќе ги помага фирмите за плати

Реклама