Вкупно 592 пациенти заболени од корона вирусот се лекуваат во ковид-центрите во Македонија.
-Од нив, во Скопје се лекуваат 243 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19, се наведува во информацијата на ресорното министерство
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава изнесува 97 101, оздравени се 87 960, починаа 2 998, а во моментов како активни случаи се водат 6.143 лица. Во Скопје моментно има 2785 активни случаеви.