Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден казнети се 320 возачи, соопшти МВР.
Од нив 63 возеле пребрзо, 12 биле без возачка дозвола, а 10 имале недозволени промили алкохол во крвта при проверката.
Од останатите казни, девет се за користење мобилен телефон во возење, седумза минување на „црвено“ и 42 се за непрописно паркирање.