На граничниот премин Табановце денеска во земјава влегоа првите вакцини против ковид-19 во земјава.
Се работи заа 4.680 дози од „Фајзер“ кои ги предаде лично претседателот на Србија Александар ВУчиќ, а ги прими премиерот Зоран Заев, кои се и првите вакцини против ковид што ги добиваме, воопшто.
Се работи за првата пратка од вкупно 8.000 вакцини кои Заев и ВУчиќ се договорија, Србија да ни ги даде од својот набавен контингент.
Примопредавањето требаше да се случи пред неколку дена, но беше откаѓано во последен момент, а Вучиќ тоа денеска го објасни вака:
-Ние не можевме да ги донесеме сите вакцини, бидејќи сите земји, а и некои фирми работат на заштита на своите производи. Затоа моравме на „Фајзер“ да му дадеме посебни гаранции дека ќе му го гарантираме начинот на транспорт на вакцините и дека вакцините ќе бидат исти како кога ние ги презедовме, рече Вучиќ, додавајќи дека дури синоќа биле завршени сите процедури.
Заев кажа дека овие вакцини се наменети за здравствените рботници, кои се први на листата за вакцинација, а следните денови ќе пристигнат и другите.