Dark Mode Light Mode

Ковид -19 во Скопје: 12 примени во болница, 6 заминале дома

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализiрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно 237 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, што е повеќе од половина од вкупниот број  на сите кои болнички се лекуваат од ковид во целата дрѓава (389).

Најмногу од новите ациенти – 7 се во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ и петмиина на Инфективната клиника, додека во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.

Реклама

Во изминатите 24 часа дома се пуштени шест оздравени пациенти.

Од Министерствпто за здравство сметаат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

В среда почнува вакцинацијата - „мразот го кршат“ здравствените работници од Клинички

Next Post

Нова тактика за УЈП за фирмите кои ја злоупотребуваат помошта од државата

Реклама