Dark Mode Light Mode

ОБНОВЕНО: Укинати забраните за товарни возила на превоите Барбарас и Пресека

АМСМ попладнево соошшти дека до 14 часот поради подобрување на условите на патот, укинати се забраните за движење на товарни возила на патнот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарас и на Пресека на патниот правец Кичево – Охрид.

Забраните  беа на сила од вчера поради остатоците од снег и на места мраз на патиштата.

На сила остануваат забраните за теѓко товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково, Дебар – Струга и обратно, Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, Струга – Г.П. Ќафасан, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Дебар.

Реклама

Поради снегот забрана за движење на тешки товарни возила од утрово од 8.30 часот има и на патниот правец Тетово – Попова шапка и важи и за тешки товарни возила и за автобуси.

За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Првата пратка вакцини од Србија доволни за вакцинирање на пријавените здравствени работници

Next Post

7 починати од ковид во едно деноноќие и уште шестмина од декември -180 нови заболени

Реклама