Dark Mode Light Mode

Општина Центар не дозволува приватна гимназија во основното „Киро Глигоров“ – но…

Општина Центар ги демантира информациите во јавноста, дека наводно во ООУ „Киро Глигоров“ ќе отпочне со работа приватнa гимназија. Оттаму велат дека такво нешто нема да дозволат.

– Приватно средно образование во основно училиште нема да дозволиме. Наш став е дека не треба да има мешање на децата. Овде изградивме ново, модерно, современо основно училиште, кое треба да биде пример, а не пречка во образовниот процес, велат од Општина Центар.

Но, она што збунува на крајот на соопштението е заклочокот, кој вели: За тоа дали во ООУ „Киро Глигоров“ ќе има или ќе нема приватно средно училиште не одлучува ниту Советот, ниту општината како тело, туку само училишниот одбор, во кој членуваат наставници од училиштето, советници од Советот и претставници на родителите на децата кои посетуваат настава во училиштето.

Реклама

Ние прашуваме: Дали со ова општината си бара алиби ако утре, училишниот одбор сепак одлучи во ова основно училиште сепак да има приватна гимназија?

Да потсетиме,  ООУ „Киро Глигоров“ е првото основно училиште изградено во Општина Центар по повеќе од 50 години и прво воопшто во населбата Капиштец, а во негови рамки е сместен е и Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Со ова, тоа е и првото инклузивно училиште изведено согласно стандардите и потребите за лица со попреченост.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Преписка ВМРО-ДПМНЕ/Влада: Зошто Спасовски и Маричиќ немаат безбедносен НАТО - сертификат?

Next Post

Ако скенирате фискални: Проверете до каде е исплатата на Мој ДДВ

Реклама