Dark Mode Light Mode

Сонце со „заби“ и умерен до засилен ветер

На скопското подрачје времето денеска ќе биде претежно сончево и студено со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Времето во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на денот ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

United Group повторно има најбрза мобилна мрежа во Европа

Next Post

30 патници во автобус фатени на граница со Бугарија со лажни ПЦР тестови

Реклама