Dark Mode Light Mode
Ако скенирате фискални: Проверете до каде е исплатата на Мој ДДВ
Златко Марин нема одговорено на живо новинарско прашање, ама прави конкурс за натпревар меѓу новинарите
United Group повторно има најбрза мобилна мрежа во Европа

Златко Марин нема одговорено на живо новинарско прашање, ама прави конкурс за натпревар меѓу новинарите

По безмалку 4 – годишен мандат и милионски суми за кои опозицијата го обвинува дека ги потрошил за ништо – додека тој не демантира, градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, сега се сети на генијална идеја: да распише конкурс со кој ги повикува „активните новинари и медиумски куќи да се натпреваруваат со професионално изработени продукти посветени за европска определба на Аеродром во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој 2021-2025“.

Очекувано, Аеродромци реагираат на ваквите чекори што Марин ги презема:

-Со две раце го гласавме за да се тргне Ивица Коневски, но што доби Аеродром? Ивица на куб! Срам!
-Камче немаш направено во Аеродром, до каде ти е училиштето „Димитар Македонски“, живо паркче нема, една дупка не закрпи, ама затоа зградички како печурчиња растат, мошне ажурно се градат!
-Нормално дека ќе проба со пари да ги привлече новинарите, едно единствено интервју нема дадено, на ниедно новинарско прашање нема одговорено, па сега пред избори му текна конкурс ќе објавувал…Не е проблемот што ти Марин не знаеш што правиш, туку што ние те одбравме!… Ова се само мал дел од коментарите на скопјани под објавата на општината на социјалните мрежи.

Реклама

Инаку во конкурсот со наслов „Аеродром ‒ прва општина со европско знаменце“, новинарите треба да се фокусираат, на како што вели општината: европските стандарди и вредности. Па така новинарски теми можат да бидат заштита на животната средина, модернизација на урбаното живеење, подобрување на квалитетот на живот во општината и рурален развој…Уште според насловот се наметнува прашањето: дали европските општини се вака нездраво изградени како Аеродром? Не мора подалеку во Европа да се гледа, доволно е да се погледне Љубљана.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ако скенирате фискални: Проверете до каде е исплатата на Мој ДДВ

Next Post

United Group повторно има најбрза мобилна мрежа во Европа

Реклама