Dark Mode Light Mode

„Левица“: Дијабетичари ставени во проблеми поради неспособностa на министерството за здравство

Заради недомаќинско и неодговорно функционирање на Министерство за здравство (МЗ), повторно доведено е во прашање здравјето на пациентите кои имаат синдром на хронична хипергликемија, реагира денеска политичката партија Левица.

Во партиското соопштение се наведува дека лицата со недоволно ниво на инсулин во крвта се во критична ситуација и се принудени да се  снаоѓаат самите за да стигнат до лентите за мерење на шеќер во крвта кои ги плаќаат приватно.

Причината за ваквата состојба е доцнењето на тендерот, а пациентите најверојатно до март ќе бидат препуштени сами на себе. Доколку редовно не се контролира гликемијата, кај овие пациенти може да настанат сериозни проблеми. Поради неспособноста на МЗ, навреме да ги реализираат тендерите, кои патем треба да ги добијат фирмите блиски до власта, страдаат пациентите чекајќи за терапија, која законски им следува бесплатно. Не е прв пат да доцнат испораките за инсулинска терапија, пумпи, апаратчиња, или како што е случај сега, ленти за мерење шеќер во крвта. Финансискиот товар на овие хронични категории на пациенти треба да го сноси државата, а сега товарот го сносуваат пациентите, кои најчесто се со минимални примања, став е на Левица.

Реклама

Партијата потсетува дека според последните податоци  бројот на заболени од дијабетес во Македонија изнесува 120.000.

-Време е да се стави крај на нееднаквиот пристап до јавно здравство, затоа што соодветни дијагностички процедури и пристапот кон правилно лекување, не смее да биде привилегија само на богатите и фамилиите на функционерите, туку пристапот до здравствените услуги треба да го има секој еден поединец од оваа држава, бара Левица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Данска уапсени седум лица поради планирање терористички напади

Next Post

Лавров: Ако ни воведат нови санкции Русија е подготвена на прекин на односите со ЕУ

Реклама