Dark Mode Light Mode

Села: Заев треба да го истера мандатот до крај или да распише предвремени избори

Доволна причина за да има предвремени парламентарни избори е недостигот на легитимитет на власта, изјави денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

За 2021 рече дека била година на скандали на Владата. Според него, Заев треба да си го аврши мандатото до 2024, или да распише предвремени избори.

– Главните актери во власта немаат легитимитет. Ковачевски нема легитимитет, бидејќи тој што победи на изборите беше Заев, а не Ковачевски, за да може да биде мандатар за формирање Влада. Зборот на Заев е даден пред јавноста и тој треба или да продолжи до крај ако може или да распише избори. Али Ахмети и ДУИ, исто така, немаат легитимитет да бидат дел од таа власт. Дојдоа со ветувањето дека ќе има премиер Албанец, а сега по втор пат гласаат премиер Македонец. Зошто не го гласа Насер Зибери, сега е моментот. Политичката партија која во првите 100 дена не ги исполнува дадените ветувања, од тој момент го губи легитимитетот. Африм Гаши и Алтернатива немаат легитимитет, бидејќи имаат добиено гласови заедно со Села и Алијансата за да донесат промена во албанското општество и да ја пратат ДУИ во опозиција, рече Села.

Реклама

Според него, треба да се формира преодна Владата, која од институциите ќе ги искорени партиските службеници, кои се таму за да придржуваат криминалци, за да заплашуваат граѓани и да купуваат гласови, и по една години, во октомври, да се одржат избори.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Антикорупциска: Се прават криминални шеми од игри на среќа и се крадат лични податоци

Next Post

Нови проблеми за Рашковски - Антикорупциска отвора случај за примање награда

Реклама