Dark Mode Light Mode

Првиот македонски архиепископ Доситеј станува светител на МПЦ-ОА

Го поддржуваме предлогот првиот македонски архиепископ Доситеј на возобновената Охридска архепископија во ликот на МПЦ да стане светител на Македонската православна црква, изјави денеска епископот хераклејски Климент. Епископот зборуваше денеска на промоцијата на капиталното издание „Возобновителот“ посветено на првиот поглавар на возобновената Охридска архиепископија во ликот на Македонската православна црква.

-Тој предлог своевремено го кажа Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј во друштвото на повеќе постари и помлади архиереи. Тој тогаш рече дека архиепископот Доситеј еден ден ќе биде светител на Македонската православна црква. Големо е делото што зад себе го остави архиепископот Доситеј, рече епископот Климент.

Капиталната монографија посветена на овој македонски духовник е во издание на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, а во соработка со МПЦ-ОА и Православен богословски факултет.

Реклама

-Ова дело се издава и по повод на 40-годишнината од неговото упокојување и 115-годишнината од неговото раѓање. Македонскиот поглавар, возобновителот Доситеј, зазема посебно, светло место во македонскиот национален пантеон, заслужувајќи ја сета почит на македонскиот народ, рече Даријан Сотировски, претседател на Комисијата.

За големото дело на архиспископот Доситеј, кој беше избран за поглавар во 1967 година кога се прогласи автокефалноста на МПЦ-ОА, зборуваше и архиепоскопот г.г Стефан.

-Ако во поновата историја на МПЦ ја бараме најзаслужната личност, таа личност, без сомнение, е блажеупокоениот архиепископ Доситеј. Преку неговата личност се оставрија двовековните стремежи на многубројни наши духовници и поборници за возобновување на нашата древна Охридска архиепископија, нагласи архиепископот Стефан.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Прогласени најдобрите спортисти и спортистки на Град Скопје за оваа година

Next Post

Пет случаи на именувани и избрани функционери кои незаконски имале и други функции

Реклама