Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Владата и од финансиските институции да спроведат поригорозна контрола на кешот што се добива од игрите на среќа и за заштит на личните податоци.
Комисијата ова го објасни со случај што го откриле дека еден функционер имал добивка од игри на среќа во бруто износ од еден милион и 170 илјади денари, а ги немал пријавено во анкетниот лист. Но, тој со изјава тврди дек вакви податоци нема добиено, ниту има примено толкава сума на добивка.
Има случаи каде се украдени лични податоци и исплатите се вршени на име на други лица.
Таков случај е со поранешната министерка и пратеник Елизабета Канческа-Милевска, која навремено имала поднесено антетни листови, но во годишната даночна пријава за 2018 година кај нејзиниот сопруг не била наведена добивка од игри на среќа во износ од еден милион 60 илјади 166 денари. Заради проверка на тие податоци, ДКСК се обратила до Канческа-Милевска и таа изјавила оти ниту нејзиниот сопруг, ниту таа никогаш ниту играле, ниту добиле таков износ и оти тоа е некакво подметнување.
-Никој нема контрола на тие пари. Ова е системска корупција и добро организиран криминал, велат од Антикорупциска.
Според она што до ДКСК досега допрел како информации, се само капка во море.