Во последните 24 часа направени се 4.751 тестирањe, а регистрирани се 409 нови случаи на Кoвид-19 од кои во Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија по 8, Куманово и Богданци по 7, Кочани, Струга и Ресен по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип по 4, Струмица и Крива Паланка по 3, Гостивар, Делчево и Валандово по 2 и по еден заразен во Неготино, Радовиш и Виница.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 9 починати лица: 6 од Скопје (62, 65, 73, 74, 88 и 90 години) и по едно починато лице од Битола (52), Кавадарци (39) и Прилеп (63). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавен е и еден смртен случај од 20 декември. Починатото лице е од Охрид, на возраст од 80 години, а смртта настапила во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=10), 3 лица се целосно вакцинирани, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801, од кои 2.460 во Скопје.