Dark Mode Light Mode

Нови 269 заразени и 15 починати од ковид

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (73г и 84г) и по едно починато лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 93г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по  14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Свети Николе, Берово и Крушево – по 1.

Реклама

Регистрирани сe 353 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174, од кои 2.545 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МПЦ-ОА до власта: Во преговорите со Бугарија да се чува националниот интерес и идентитет

Next Post

Тројцата портпароли на ВМРО-ДПМНЕ предложени за членови на УО на скопски јавни претпријатија

Реклама