Dark Mode Light Mode

Антикорупциска ја запре постапката против Иванов за унапредувањата во Армијата

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука за запирање на предметот против поранешниот претседател на држават Ѓорге Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека постапката се затвора, бидејќи има надмината и промената фактичка состојба, поради што Комисијата нема понатаму што повеќе да прави.

-ДКСК во целост ја испочитува постапката во конкретниот случај и ги утврди сите релевантни факти и докази и утврди фактичка состојба во која констатира постоење индиција – сомневање за прекршување на одредба Изборниот закон. Надлежните судски органи и покрај бројните појаснувања и образложенија дадени од ДКСК не ги земаа предвид при утврдување на фактичката состојба. Со оглед дека од денот на донесување на оваа одлука и утврдување на основаноста на наодите за сомневање помина подолг временски период, од кога се променија околностите со конкретно службено лице, ДКСК оцени дека нема елементи за понатамошно постапување и заклучи дека предметот треба да се заклучи и архивира, изјави Ивановска.

Реклама

Фактички, посочи директорката на ДКСК, унапредувањата ги направил наредниот претседател на државата, што, како што рече, со тек на време имаме целосно изменета фактичка состојба и од тие причини е беспредметно овој предмет да стои отворен.

Ивановска, потсети дека ДКСК постапувајќи по добиени сознанија од медиуми и пријави од непознати подносители, отворила предмет по сопствена иницијатива во врска со потпишани укази за унапредување и именување на лица во Армијата од страна на Претседателот Ѓорге Иванов за време на изборниот период 2019 година.

За утврдување на фактичката состојба ДКСК побарала и добила информации и докази од Кабинетот на претседателот Иванов и до Министерството за одбрана.

-На својата 11 седница ДКСК донесе одлука во која утврди дека сомневањата за унапредувањата претседателот Иванов сторил дејствија кои се забранети за време на изборниот процес, што значи дека сомневањата се основани и одлучи да иницира прекршочна постапка против службеното лице Иванов пред надлежен суд, изјави Ивановска.

Ивановска потоа образложи како течела постапката: Од страна на ДКСК составен е и потпишан записник за констатиран прекршок и беше издаден прекршочен платен налог. Платниот наглог и записникот се доставени со препорачана пошта во јули 2019 на Иванов. Од негова страна во утврдниот рок не е постапено по пркршочниот налог и не е платен налогот и не е доставен доказ, по што овластено лице од ДКСК донесе одлука за отворање прекршочна постапка до Судот.

Тужителот Иванов најави тужба до Управниот суд против одлуката на ДКСК, на која ДКСК доставиле одговор во која ги даде сите свои аргументи и образложила дека ДКСК по постапување по конкретниот предмет утврдила постоење на сомнеж, што понатаму требало да го утврди Судот.

Управниот суд донесе пресуда со која тужбата на Иванов ја уважи, а одлуката на ДКСК е поништена со образложение дека од страна на ДКСК не се сторени доволно напори за утврдување на фактичката состојба и оцени дека има потреба од повторно постапување и оценување.

ДКСК поднела жалба до повисокиот суд, но и Вишиот управен суд, исто така, донел решение со кое жалбата на ДКСК против пресудата на Управниот суд ја отфрли како недозволена.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Германија, Грција и Австрија со нови ковид протоколи за македонските државјани

Next Post

Нови 335 заразени со ковид и 8 починати во 24 часа - уште 6 од претходно

Реклама