Dark Mode Light Mode

Администрацијата до година да се прости од К-15?

Во Буџетот за 2022 година не се предвидени пари за регрес за годишен одмор за вработените во јаниот сектор, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

– За 2021 година има пари што се планирани со ребаланс на буџетот, а за 2022 година нема пари за К-15 за администрацијата, рече Бесими.

Парите што се наменети со ребалансот, всушност се за еден дел од администрацијата, односно за околу 27.000 работници, членови на Синдикатот на работници од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, кои со грански договор успеаја да го извојуваат ова право.

Реклама

На протестот во неделата, едно од барањата на Сојузот на синдикати беше и К-15 за сите вработени, и во приватниот и во јавниот сектор, за да нема дискриминација и поделба на работниците.

Владата вети дека ќе се разговара и ќе се најде решение за сите работи кои би ја подобриле положбата на работникот. Останува да се види дали и до година можеби ќе се обезбедат пари за К-15 за администрацијата со ребаланс на буџетот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Јанакиески си го скршил коленото

Next Post

Уште 326 нови заразени со ковид и 8 починати во 24 часа

Реклама