Dark Mode Light Mode

За вакцинацијата на децата против ковд одлучуваат родителите или старателите

Вакцинација на малолетните лица со вакцини против ковид-19 се прави исклучиво со задолжително присуство на родител или старател, истакна денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на реакциите во јавноста откако вчера Владата одлучи да набави 500.000 вакцини „Фајзер“ од кои 10.000 се педијатриски, за деца од 5 до 12 години.

-Комитетот за имунизација ќе ги следи и понатаму сите препораки од СЗО и ќе се води од овие препораки како и досега. Значи, единствен услов за вакцинација на малолетните лица е задолжително да дојдат со родител или со старател и важно е граѓаните да знаат дека и со оваа одлука вакцини за ковид -19 ќе има во доволна количина, дека нема приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура, рече Арсовски, прашан дали има препорака од Комитетиот за имунизација за вакцинација на деца од пет до 12 годишна возраст.

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

Реклама

Уште во јули кога беше најавна можноста за вакцинација на децата од 12 до 16 години, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека кај нас нема да биде задолжителна.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски: Подготвени сме на Косово да му ги пренесеме нашите искуствата на патот кон ЕУ и НАТО

Next Post

Ако патувате: Поради сообраќајка не се вози по регионалниот пат Куманово- Свети Николе

Реклама