Dark Mode Light Mode

Гаши: Имаме напредок, следат консултации во партиите

Можеме да ви кажеме дека имаме напрадок, следуваат консултации во нашите партии, изјави  вечерва лидерот на Алтернатива Африм Гаши по средбата со премиерот Зоран Заев.

-На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, соопштија од владината прес-служба.

Понатаму се додава дека разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на државата, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.

Реклама

-Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без задршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели, се вели во соопштението.

Четиричасовната средба на Гаши и Заев, што се одржа во Клубот на пратениците, беше продолжение на преговорите за вклучување на Алтернатива во Владата и парламентарното мнозинство.

Ова е трета средба на Заев и Гаши. И од претходните две лидерите излегуваа со слични изјави. Минатата средба беше поконкретна единствено со тоа што Алтернатива јасно кажа дека е за влез во Владата, но дека допрва ќе се договара платформата на која ќе се базира таа соработка и кадровските решенија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ има два услови за да гласа за продолжување на енергетската кризна состојба

Next Post

Ем му го удриле паркираното возило, ем го натепале

Реклама