Субвенција на сметките за електрична енергија на граѓаните и стопанството во вредност од 15 милијарди денари или минимум 250 милиони евра како дополнение на оние првичните 4 милијарди и 65 милиони за да не дојде до ценовен шок и да не дојде до зголемување на сметките за електрична енергија на граѓаните и домаќинствата и Владата е да ја покрие разликата на сметките кои што ги добиваат единиците за локална самоуправа.
Ова се условите што ги постави ВМРО-ДПМНЕ за да гласа за продолжување на кризната енергетска состојба.
-Не можеме ние да поддржиме продолжување на енергетската криза. Можеме да поддржиме и да не поддржиме воведување на кризна состојба поради проблемите со електричната енергија, односно енергетиката во државата бидејќи тој првиот период истече и сега треба истата таа да се продолжи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.