Dark Mode Light Mode
На ридот над Усје ќе никнат 1.200 чемпреси
Општина Центар со хуман гест – бесплатен паркинг за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ
Од пладне без вода се дел од корисниците на Кеј 13 Ноември

Општина Центар со хуман гест – бесплатен паркинг за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ

Лицата со оштетен слух ќе добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) на целата територија на Општина Центар. Од Општината инфомираат дека оваа привилегија на сите паркинзи на ПОЦ ќе може да ја користат сите лица кои поседуваат лекарска потврда за оштетен слух од над 90 отсто и сите членови на Националниот сојуз на глуви и наглуви.

На денешната средба иницирана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски и претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви, Томица Стојановски.

– Со овој Меморандум за користење на бесплатно паркирање на паркинзите под надлежност на Општината, конечно го исполнуваме неколкугодишното барање на лицата со оштетен слух. Оваа услуга, која веќе ја користат лицата со оштетен вид и телесен инвалидитет, досега не беше овозможена за лицата со оштетен слух. Токму затоа беше и нашата средба пред месец и половина која се заложив дека ќе им излезам во пресрет, потенцираше Герасимовски на средбата.

Реклама

Општина Центар најавува дека и во иднина ќе работи на овозможување услуги кои ќе им го олеснат животот на лицата со телесен инвалидитет или било каква друга попреченост.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На ридот над Усје ќе никнат 1.200 чемпреси

Next Post

Од пладне без вода се дел од корисниците на Кеј 13 Ноември

Реклама