Tешка сообраќајна несреќа со смртни последици во светиниколскиот регион. Имено, две лица загинаа утрово кога автомобил излетал од патот Свети Николе – село Горобинци. Во несреќата има и едно тешко повредено лице.
Полицијата потврди дека, утрово, околу 2.45 часот, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с. Горобинци, Светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В. С. (37) од Свети Николе, излетало од патот.
Во несреќата возачот и сопатничката С. А. (21) од Свети Николе починале на самото место на несреќата. Сопатникот Д. Ј. (28) добил тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Свети Николе.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.