Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини ги загубија животите во трагичната несреќа што се случи вчера во Бугарија.
За таа цел средствата предвидени за украсување на територијата на Чаир за новогодишните празници че бидат пренаменети и распределени на семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија.
– Советот едногласно ја одобри одлуката. Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0 – постојани резерви, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.