На распит во скопското Јавно обвинителство денеска биле новинарите на телевизијата „Алфа“ Горан Момироски и Драган Милосављевиќ. Распитот завршил пред еден час, а Момироски во изјавата за „Скопско Ехо“ потврди дека имале средба со обвинители.
-Бевме на распит откако ја добивме поканата на ОЈО – Скопје и тој заврши. Не би сакал да зборувам за деталите за тоа зошто бевме поканети и околу што бевме распрашувани, ни изјави кусо Момироски.
Веста дека двајцата новинари-автори на емисијата „Заспиј ако можеш“ која се емитува на ТВ Алфа вчера ја објави порталот МКД.мк. Во информацијата се наведува дека Обвинителството смета дека новинарите треба да дадат некакво појаснување за она што го објавиле уште на 11 јануари годинава, а се однесувало на безбедносните и разузнавачки структури на Македонија.
Како што неофицијално дознава „Скопско Ехо“, се работи за кривична пријава поднесена од страна на државна институција.