Општина Кисела Вода информира дека денеска било спроведено чистење на трите големи диви депонии во Теферич.
Сезонските работници ангажирани од Општината и службите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје заедно работеле на отстранување на огромното количество депониран смет.
Се чистело и рачно и со механизација, а потоа со камиони на депонијата Дрисла се пренесени околу 40 тони отпад од секаков вид.
Покрај чистењето на депониите во Теферич, сезонски работници денеска расчистувале и во населбата Драчево, на потегот околу улицата „Коперникова”.
Се собирал комунален отпад, се метеле и се собирале паднатите лисја, а со цистерна се миеле улиците, плочниците, тротоарите и паркинзите.