Dark Mode Light Mode

Во денешната црна ковид-статистика запишани 10 лица, нови 442 заразени

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (57г, 78г) и по едно починато лице од Делчево (83г),  Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65-86г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19:

Реклама

Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 373 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339, од кои 3.832 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Патничка паднала во автобус и се добила со тешки повреди

Next Post

За идентификација на жртвите ќе биде потребна една недела

Реклама