Dark Mode Light Mode

Минатата недела за 8,9 отсто помалку новозаразени од Ковид-19

Минатата недела се забележени 49 случаи кај лица кои повторно се заразуваат со корона вирусот, со што вкупната бројка на вакви случаи од почетокот на пандемијата па до 21 ноември се искачи на 870. Тоа е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212 375 лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во информацијата се наведува дека е забележано намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени од ковид-19 во текот на минатата седмица во споредба со претходната. Од 15 до 21 ноември од ковид-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември. Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група од 0-9 години (+2,0 отсто). Најзабележително е намалувањето кај возрасната група на лица над 60 години (-13,7 проценти)

-Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (23,3 проценти), а најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,6 отсто), наведува ИЈЗ.

Реклама

Минатата недела се тестирани се 19.791 лица, за 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8 проценти.

Пријавени се 91 смртен случај, најмногу од возрасната група над 60 години (89 отсто).

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Двајца од повредените веќе се оперирани, ќе се оперираат уште две лица

Next Post

Ракометна лекција од Еурофарм Пелистер за Татабања

Реклама