Како лудост, како нешто што нема никаква здравствена логика – вака ги окарактеризира новопредложените мерки на министерот Филипче против корона вирусот – познатиот епидемиолог Никола Пановски. Тој во изјава за порталот Инфомакс укажува на нелогичности кои ги предизвикуваат мерките со кои од вработените во јавен сектор се бара да се вакцинирани со две дози или да имаат негативен ПЦР – тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок за да можат да влезат на своето работно место.
-Ова е лудо. Лудите мерки не признаваат антитела. Јас ќе одам како сведок на суд да кажам дека тоа што го прават е лудост. Човек три пати дарувал крвна плазма признание има за тоа, но бидејќи не е вакциниран нема да може да оди на работа. А на пример вакцината може да му направи многу штета, има многу антитела, не му е потребна медицински. Светот побудале и ние сите луди мерки од светот ги прифаќаме, паметните не баш. Овие мерки не се ни уставни, ни законски и не можам да прифатам луѓе со висок број на антитела, прележани, дарители на крвна плазма кој спасуваат животи да не можат да одат на работа, да се тераат да се вакцинираат. Не се работи за антиваксери се работи за луѓе кои имаат имунитет, во цел свет имунитетот трае 9 месеци, 12 месеци, вели Пановски.
Тој додава дека анализите покажале дека кај вакцинираните лица вирусот се ширел само 20 проценти помалку отколку кај невакцинираните. Оттука сертификатите како заштита од ширење на болеста се непотребни.