Првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски тврди дека да има ценовни шокови кај парното.
Откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски алармираше дека цената ќе расте и гас има до крајот на годинава, Бислимовски вели дека имале состанок, но со ТЕТО, а не со БЕГ и за вакво нешто не станувало збор.
Бислимовски вели дека е свесен оти цената на гасот на берзите расте, но уверува дека нема да се дозволи граѓаните да го почуствуваат тоа и апелира да се престане со шпекулации во јавноста за скок на цените.
-Некој по 1 јануари ќе мора да и се извини на јавноста, рече Бислимовски ја изјавата на Мицкоски дека ќе дојде до зголемување на цената за два ипол пати.
И да се дојде до ситуација да расте цената, најави дека ќе се разгледаат сите опции и не ја исклучува можноста и од целосно бришење на ДДВ за топлинска енергија.
И од Владата велат дека ја следат состојбата на меѓународните пазари. Ако има потреба ќе се носат мерки, но не прецизираат дали ќе се зголеми и сумата за помош во енергетиката. Во моментов таа изнесува 65 милиони евра и според енергетичарите оваа сума е мала, со оглед на тоа што за набавка на струја за само неколку дена потрошени се над 10 милиони евра.