Dark Mode Light Mode

Како илјадници админстративци со минимална плата да плаќаат ПЦР тест секој четврти ден?

Вријат синдикатите по најавените мерки од Комисијата за заразни болести, кои се очекува да бидат донесени од Владата, деновиве. Се заканија со протести ако мерките бидат официјализирани, прво заради тоа што сметаат дека вакцинирањето треба да биде личен избор на секој човек, а второ, бидејќи околу 80 илјади административци во државава се со минимална плата, па не можат да си дозволат од џеб секоја недела да плаќаат ПЦР тестирања за да мoжат да одат на работа.

– Телефоните буквално прегореа, експлодира незадоволството. Илјадници прашања од вработените „зарем ќе го дозволите тоа?“, „ќе нè избркаат ли од работа по 30 години стаж?“ … Револтот е голем. Власта вели дека се спроведуваат исти мерки како и во Хрватска и во Србија, а сите знаеме што се случуваше таму и како тамошните власти заедно со синдикатите одеа на терен, спроведуваа едукативни кампања, имаа стимулативни мерки, имаа меѓусебен дијалог, вели Владимир Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Здравствените власти се повикуваат на веќе постоечки вакви ригорозни мерки ама не само во Хрватска и Србија, туку неодамна ги воведе и Австрија. Во оваа земја невакцинираните не можат да се движат неограничено оти се соочуваат со огромни казни.

Реклама

– Ние не сме Австрија! Ние немаме ни третина од платите во Австрија, зарем навистина мислите дека некој има толку многу пари да се тестира со ПЦР секоја недела за да оди на работа? Не гледате ли дека преживуваме одвај крпејќи крај со крај, дека цената на струјата ќе скокне, а со тоа уште повеќе после Нова година се ќе поскапи?! – коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Дури и да е неопходна оваа мерка, нелогично е како одеднаш стана неприкосновена, кога, буквално до вчера, кога се организираа и одржуваа изборите, се беше во ред и под контрола – како што тврдеше Филипче? Зошто непромислените политички апетити на крајот ги плаќаат граѓаните? Како очекувате да преживеат административците со минимална плата кои треба да плаќаат од џеб тестирање за да одат на работа, па потоа платите што ќе ги земат повторно да ги дадат за тестирање? Одговорт на сето ова не смее да биде дека веќе во многу земји е вака. Секоја земја има своја економија и политика. Нашата очигледно е длабоко заглавена, па долевањето масло на огнот со носење на вакви мерки има апсолутен контра-ефект.

Да не зборуваме дека познати македонски доктори укажаа дека мерката има и здравствени фалинки.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претпладне облачно, попладне со слаб ветер

Next Post

„Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино вечерва во МОБ, со почеток во 20 часот

Реклама