Dark Mode Light Mode

Вирусот препознава ли кој е функционер, а кој не е?

Вирусот демне и затоа внимавајте – однесувајте се одговорно, ова властите ни го повторуваат секојдневно. Сега се најавуваат и драконски мерки кон невакцинираните иако познати наши експерти белат дека мерките немаат епидемиолошко – здравствена логика. Порано пак, министерот Филипче испрати и апел до граѓаните да не се собираат на семејни слави оти така корона вирусот најлесно се ширил.

Е овој апел е многу пологичен и навистина треба да се внимава. Ама и овој апел некако збунува ако почнеш логично да размислуваш. На слави вирусот е опасен, а на партиски прослави не е? Тоа е логичното прашање – јавноста беше сведок на неносења на заштитните маски, на ракувања, на гушкања, масовни групирања, за време на кампањата, а и по неа. Се виде истото тоа дури и во македонскиот парламент кога министрите и по некој пратеник од владеачката коалиција го прославуваа неизгласувањето на недовербата. И таму немаше маски на нивните лица, имаше блиски контакти, гушкања… Тоа славење не е исто со семејните слави? Вирусот распознава ли каде смее да нападне, а каде му е забрането оти се во прашање партиски луѓе?

Шегата настрана. Властите мора да делуваат со барем малку повеќе логика. Вирусот навистина демне.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче и Караџовски ги слушнаа ли реакциите на експертите за нивните мерки?

Next Post

Благ раст на процентот на вакцинирани меѓу заразените

Реклама