Dark Mode Light Mode

Алтернатива најверојатно ќе влезе во Владата, најавува пратеникот Реџепи

Пратеникот и член на претседателството на Алтернатива Скендер Реџепи верува дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што вели, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.

Тој сепак е воздржан и повикува да се почека утрешната средба на лидерите на СДСМ и на неговата партија.

Во однос на изјавата на генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари дека во случај Алтернатива да влезе во Владата, доколку опозицијата создаде парламентарно мнозинство, тогаш „Алтернатива“ пак ќе гласа за уривање на Владата, Реџепи со став дека ако Алтернатива одлучи да остане во Владата, тогаш тоа ќе биде до крајот на мандатот на Владата.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Не очекуваме предвремени избори

Next Post

Професор Пановски: Новите мерки се лудост, и вакцинираните ја шират болеста, можеби и повеќе

Реклама