Dark Mode Light Mode

Центарци в сабота организирано ќе чистат во основните училишта

Општина Центар в сабота организира голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, рече дека заедно со хигиеничарите и лично ќе учествува во чистењето и ги повика и учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите добронамерни и заинтересирани граѓани да се приклучат.

Тој рече дека клучот за чиста општина во најголем дел не зависи од степенот на ангажираност на хигиеничарите односно времено ангажираните лица во општината туку од свеста на граѓаните за чиста околина и фрлање ѓубре во кантите за отпадоци.

Акцијата ќе се спроведе во секое основно училиште во општината.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дел од „Ацо Караманов“ без вода

Next Post

Професорот по трудово право-Јовевски: Со мерките брутално се повредуваат човекови права, на потег се адвокатите

Реклама