Dark Mode Light Mode
Скопје го одбележува 13 Ноември
Активни ковид случаи се 8.715, нема нови мерки – Филипче вели не одете по слави
Дали заедничка - широка влада е следниот чекор?

Активни ковид случаи се 8.715, нема нови мерки – Филипче вели не одете по слави

Во земјава во моментов има 8.415 активни случаи со ковид, од кои најголем број 3.797 се во Скопје. Во Битола има 635, во Прилеп 401, во Куманово 379, во Кавадарци 363, во Велес 358, во Штип 264…

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.296 тестирања регистрирани се нови 469 случаи со ковид-19, 13 починати, 375 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во државава од почетокот на епидемијата изнесува 208.467, на оздравени пациенти е 192.745, а на починати е 7.307.

Реклама

Министерството за здравство вчера ја објави анализата за период од 6 август заклучно со 11 ноември, според која, во изминатите три месеци 71 процент од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, наспроти 29 отсто кои биле вакцинирани. Од починатите граѓани, 80 проценти не биле вакцинирани, а 20 отсто вакцинирани.

Во период од 6 август до 11 ноември на територија на државата 52.436 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 29 проценти биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица.

Анализата, исто така, покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во период од 6 август до 11 ноември на територија на државата починале 1.788 пациенти со Ковид 19, 1.434 пациенти од починатите, односно 80 проценти не биле вакцинирани, а 20 отсто, односно 354 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

И покрај ваквата состојба, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки.

– Апсолутно сметаме дека овие се сосема доволни со тоа што треба да се почитуваат, рече Филипче.

Носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, посочи Филипче, се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата.

Мерките, според Филипче, се еднакви како во сите развиени земји и нагласи дека излезот од кризата е вакцинацијата на населението и апелираше да се збегнуваат слави и други семејни собири кои се чести во овој период.

Филипче, исто така, посочи дека е намален процентот на луѓе кои се хоспитализираат од вкупниот број на нови дијагностицирани, споредено со претходните бранови кога тој процент бил околу десет, а сега е некаде меѓу пет и шест отсто. Но бројки не кажа.

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 7.169 дози вакцини, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во земјава е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје го одбележува 13 Ноември

Next Post

Дали заедничка - широка влада е следниот чекор?

Реклама