Dark Mode Light Mode

На семејни слави не се групирајте, а на партиски прослави…

Вирусот демне и затоа внимавајте – однесувајте се одговорно, ова ни го повторуваат властите секојдневно. Вчера од Комисијата за заразни заболувања и од министерот Филипче дојде апел до граѓаните да не се собираат на семејни слави оти така корона вирусот најлесно се ширил. Апелот е на место. Треба да се внимава.

Ама апелот како да не важи ако одиш на политички прослави, собирања. Јавноста беше сведок на неносења на заштитните маски, на ракувања, на гушкања, масовни групирања, за време на кампањата, а и по неа. Се виде истото тоа дури и прексиноќа во македонскиот парламент кога министрите и по некој пратеник од владеачката коалиција го прославуваа неизгласувањето на недовербата. И таму немаше маски на нивните лица, имаше блиски контакти, гушкања… Тоа славење не е исто со семејните слави? Вирусот распознава ли каде смее да нападне, а каде му е забрането оти се во прашање партиски луѓе?

Шегата настрана, вирусот навистина демне, а власта навистина треба да дава пример во придржување на мерките за справување со него.

Реклама

Трендот на зголемување на заболени и починати оди нагоре. Сериозноста треба да е кај сите присутна. Апелите се во ред, но примерите треба да следат токму од оние кои носат важни одлуки, кои ги утврдуваат превентивните мерки. На ваков начин, само се покажува двојниот морал по што добрите апели најчесто имаат намален ефект.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со казни или без, во Скопје се вози брзо

Next Post

Доаѓаат крадци од други градови да крадат велосипеди во Скопје, полицијата има административни проблеми

Реклама