Dark Mode Light Mode

Галијата што почна да се урива ќе се урне, за другите Арсовска вели не

Галијата во Вардар која почна да се урива ќе биде урната и тоа е завршена работа, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

-Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо, веели таа.

Една од трите галии поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ почна да се урива пролетта со решение на сега екс градоначалникот Шилегов. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи според него бесправно се урива.

Реклама

Шилегов тврдеше дека се исполнети сите услови за нејзиното отстранување односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Постапката за уривање и на бродот започна, иако сè уште нема извршно решение поради тужбата на сопственикот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Центар е првата општина со свое комунално претпријатие - ќе биде во рамки на ПОЦ

Next Post

Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром во понеделник неколку часа без струја

Реклама