Dark Mode Light Mode
Инџиково од претпладнево е без вода
Центар е првата општина со свое комунално претпријатие – ќе биде во рамки на ПОЦ
Галијата што почна да се урива ќе се урне, за другите Арсовска вели не

Центар е првата општина со свое комунално претпријатие – ќе биде во рамки на ПОЦ

Еден од клучните три проблеми во општината кои ги лоциравме на многуте средби со граѓаните е јавната хигиена, затоа и сакам да ве информирам дека

Во ЈП ПОЦ (Паркинзи на Општина Центар) ќе биде формиран нов сектор за јавна хигиена, каде сите ќе бидат префрлени и пријавени сите лица кои ќе се грижат за хигиената во Општината.

Ова е беше случај досега, а добрата вест на хигиеничарите кои се ангажирани сезонски работници во Општина Центар им ја соопштил градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на вчерашната средба.

Реклама

– Јавната хигиена е слика на општината и сакам нашата да биде високо позитивна. За таа цел, ќе набавиме и нова цистерна за метење на улиците, како зајакнување на постоечката механизација за одржување на хигиената во општината. Од вас очекувам посветена работа и искрена соработка, особено во овој период кога треба и поголема ангажираност околу собирањето лисја од улиците и парковите, изјавил Герасимовски.

Општина Центар е првата општина која ќе има свое комунално претпријатие во рамки на ПОЦ кое покрај паркирањето ќе се грижи и за јавната хигиена.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Инџиково од претпладнево е без вода

Next Post

Галијата што почна да се урива ќе се урне, за другите Арсовска вели не

Реклама