Советот на Општина Карпош денеска ја одржа првата конститутивна седница, што ја отвори Добрила Андоновска од ГРОМ, најстариот член на Советот.
Потоа, за претседател на Советот на општината беше избран советникот од Левица, Бранко Ристов. Советниците избраа претседатели и членови на 11 комисии.
Советот на Карпош брои 23 члена, од кои двајца се од ГРОМ, седум од ВМРО-ДПМНЕ, осум од СДСМ, четворица од Левица и двајца независни.
Меѓу двата круга од локалните избори Левица најави дека нема да влегува во коалиции во советите, ама дека на одредени места може да прифати претседавање со советите.