Dark Mode Light Mode

29% од новите случаи со Ковид-19 во Македонија биле целосно вакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19 во Македонија, во периодот од 6 август заклучно со 11 ноември.

Во рамки на анализата за вакцинирани се сметаат лица со примени две дози, кај кои поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.

-Во наведениот период 52.436 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе три месеци, 36.980 граѓани, односно 71% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 11 ноември на територија на државата починале 1.788 пациенти со Ковид-19, 1.434 пациенти од починатите, односно 80% не биле вакцинирани, а само 20%, односно 354 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, стои во извештајот од Министерството за здравство, кој го пренесува Макфакс.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Беса ја напушти Владата, Хоџа и двајцата заменици министри поднесоа оставки

Next Post

Реџепи не само што се јави туку и се појави во полиција

Реклама