Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса околу кого вчера се вртеа сите случувања во врска со неуспешната иницијатива за интерпелација на Владата, откако тој иако потписник, не се појави на седницата, денеска сам се пријавил во полиција.
Како што соопштија од МВР, тој рекол дека своеволно со семејстото отишол кај пријател да се заштити.
-Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, велат од МВР.
Лидерот на Беса Билал Касами вчера изјави дека тој пријавил во полиија дека Реџепи и неговото семејство се исчезнати и побара јавно институциите да кажат каде е.
Касами, а и од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека тој е киднаоиран и се држи негде против своја волја. Реџепи вчера со статус и со видео се појави на Фејсбук при што рече дека е добро и на сигурно и потенцира дека не се појавил во Собрание бидејќи имал притисоци од сопартијците, а не од власта.
Тој најави дека ќе одржи преес-конференција в понеделник.