Dark Mode Light Mode

Беса ја напушти Владата, Хоџа и двајцата заменици министри поднесоа оставки

Аријанит Хоџа, генерален секретар на Беса и министер за земјоделство, објави попладнево дека поднел оставка од функцијата во Владата од, како што рече, морални причини.

Тој рече дека оставки поднеле и двајцата заменици-министри на Беса во Владата.

Хоџа вели дека ја реализира оставката што ја најави од претходно, откако, како што наведе, една владејачка партија, на чело со вицепремиерот од нејзините редови, го загрозила демократското право на глас на неодамнешните избори.

Реклама

 

Беса, рече Хоџа, ќе продолжи да ги спроведува своите политики во општините каде што доби градоначалници, односно во Тетово и во Желино.

За потегот на неговиот сопартиец Кастриот Реџепи, Хоџа рече дека оставаат тој сам да се произнесе, ама рече дека тој чекор не е во согласност со политиките на Беса.

На прашање дали Беса ќесе приклучи кон Владата или ќе биде во опозиција во парламентот, Хоџа рече дека за тоа одлуки ќе носи партијата, чекор по чекор. Во врска со можноста за влегување на Алтернатива во Владата, пак, рече:

-Секој влез во ваква влада, во која е и ДУИ, е самоубиство за која било партија. Ние сме подготвени да се споиме и со Алијанса и со Алтернатива во еден блок и заедно да излеземе на избори, рече тој.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Да нема собирање на семејни прослави или да се во помал семеен круг

Next Post

29% од новите случаи со Ковид-19 во Македонија биле целосно вакцинирани

Реклама