Малолетник е лишен од слобода поради тоа што е осомничен за кражба на подрачјето на скопската општина Карпош. Полициски службеници од ЕВР – Карпош синоќа во 21.30 часот во Скопје го привеле во полициската станица откако е осомничен дека одзел повеќе предмети од продажен објект во трговски центар на скопската улица „Љубљанска“.
– Украдените предмети биле пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.