Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски пред малку го напушти Парламентот, најавувајќи дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што така налагале протоколите.
Мицевски не прецизираше во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на партијата веќе говорел за тоа.
Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, пред почетокот на седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница.