Dark Mode Light Mode

Се јави Кастриот Реџепи: На сигурно сум, да ги поминам рииците и ќе дадам изјава

Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса кој денеска не се појави во Собранието и со тоа не обезбеди кворум за да се одржи седницата на чиј дневен ред е иницијативата за гласање недоверба на Владата, попладнево се јави на својата фејсбук-страница. Тој се заблагодарува на сите за поддршката, а на лидерот на Беса, Касами, и како што вели на другите, им порачува да не се грижат за него.

-Ви благодарам на сите за поддршката. Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се. Билал Касами и другите,  да не се грижат за мене. Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-Aлбанците. Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои индивидуи, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите. До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија, вели Реџепи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски: Ова е срам за демократијата, ќе чекаме до полноќ дали Реџепи ќе се појави

Next Post

Мицевски го напушти Собранието, но најави дека ќе се врати

Реклама